Фудбалерите на Охрид, ги започнаа летните подготовки за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“, на почеток одржаа состанок на отворено со клупската управа, почитувајќи ги мерките и протоколите и после одржаа полесен тренинг.

Охридскиот фудбалски состав не претрпи големи промени во играчкиот кадар. Заминаа пет фудбалери (Раиф Мирселоски, Дарко Симјаноски, Вецко Вренцоски, Мартин Шишков и Александар Василев), а исто толку го засилија клубот (Един Мерсовски, Фатмир Ариф, Никола Симоноски, Оливер Мирески и Оливер Дишлиевски). На новите засилувања и староседелците во екипатаим се обрати директор на клубот, Љупчо Грданоски.

На сите ви посакувам добро здравје, а потоа успех со клубот во Втората лига. Ние како клуб се потрудивме да обезбедиме максимални услови за тренинг, почитувајќи ги мерките и протоколите кои ги добивме од ФФМ. Се надевам на добри подготовките, кои ќе бидат база за добри резултати. – им рече на фудбалаерите, Грданоски.

Охриѓани ќе одиграат неколку контролни средби пред почетокот на Втората лига. „Рибарите“ прво ќе се сретнат со Караорман а потоа со Пелистер, Тиквеш, Питу Гули и уште некој клуб од Првата лига.

Второлигашките возбудувања стартуваат на 22 август.

OhridNews