Навивачка група „Рибари“ со спектакуларна баклијада на градското пристаниште долж кејот „Македонија“ и Самоиловите тврдини ја започна прославата на јубилејниот 25 роденден.


Главниот собир на охридската навивачка група беше кај стариот чинар од каде со песна и развиорени знамиња тргнаа кон пристаништето.


Чекор по чекор по кејот „Македонија“ охридските навивачи стигнаа до спортската арена „Билјанини Извори“.


Атмосферата треба и мора да кулминира на натпреварот меѓу Охрид и Прилеп.

Фото : Емилио
Мх.П.