Навивачката група „Рибари“ се мобилизира за дуелот со Радовиш, кој е на програмата в сабота со почеток од 19 часот. „Сино белата“ армија навивачи е неизбежен декор на трибините кога игра без разлика каде се наоѓа.

Охридските навивачи имаа непријатно искуство на гостувањето во Радовиш, кога беа каменувани и отстранети од салата. Тоа е мотив повеќе за „Рибарите“ за поголема бројка на трибината и да се види кој го има главниот збор таму.

Исто така поддршка од целата охридска публика и тоа како му е потребна на ракометарите на Охрид кои го играат првиот официјален натпревар сезонава во „Билјанини Извори“.

Мх.П.