Фудбалерите на Охрид подготвени се за дуелот со Вардар Форино кој ќе се одигра утре (недела) во 15 часот во рамките од шестата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ најавуваат борба и напад на трите бодови на средбата на СРЦ „Билјанини Извори“.
Свесни сме за значењето на натпреварот и така се подготвуваме. Тренираме напорно цела недела за да ги поправиме грешките кои ги правевме на минатите мечеви. На дуелот со Вардар Форино немаме премногу избор. Одиме на победа! – изјавија играчите на последниот тренинг.
Охридските „сино-бели“ три рунди немаат победа, додека Вардар Форино во петтата рунда неочекувано на домашен терен изгуби од Кадино со високи 4-0. Натпреварот на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го суди Идризи Фуркан од Тетово.
Во двете меѓусебни пресметки Охрид и Вардар Форино имаат забележано по една победа. Минатата сезона Охрид на домашен терен славеше 1-0, а Вардар Форино триумфираше пред своите гледачи со 4-1.
OhridNews