Фудбалерите на Охрид заедно со стручниот штаб и управата, ден порано во манир на голем клуб, отпатуваа за Скопје каде водат битка за прволигашкиот билет. Противник на „рибарите“ во баражот кој се игра утре (вторник) во 16 часот ќе им биде поранешниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, Ренова.
Охридските „сино бели“ комплетни патуваат во баражот. Сите повреди се санирани, а ниту еден фудбалер нема проблем со жолти или црвен картон.
Утрешниот натпреварот во баражот ќе биде емитуван на Мтв 2 и на платформата од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Мх.П.