Навивачката група „Рибари“ им приредија пријатно изненадување на „гладијаторите“, посетувајќи на последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Бутел Скопје, во првата рунда од плејофот во Супер лигата. „Рибарите“ со препознатливите песни ја кренаа атмосферата во екипата, која сигурно ќе кулминира со победа во дерби средбата со Бутел Скопје.
Натпреварот се игра во 19 часот. Директен пренос ќе има на Националниот програмски сервис и во живо на ју тјуб каналот од Ракометнатата федерација на Македонија.
OhridNews