Навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“ се обединија за помош и поддршка на Мартин Стојаноски, кој настрада во сообраќајна несреќа и треба да се лекува во рускиот град Москва. На полувремето од „Езерското“ дерби двете навивачки групи лично на Мартин му ги предадоа собраните средства и му посакаа побрзо оздравување и враќање на голот од Лабуништа каде е член.

На полувремето резултатот беше изедначен 12-12, а на теренот се води битка исто како и на трибините, но овој пат навивачките групи заслужуваат чиста десетка.

OhridNews