Браќата Никола и Велко Маркоски, Златко Мојсовски и Гоце Ојлески кои беа дел од подготовките на македонската репрезентација во Охрид го посетија основното училиште „Христо Узунов“.

Учениците кои нетрпеливо ги чекаа нивните херои по пристигнувањето на репрезентативците не можеа да веруваат дека се тие.

– Изненадени сме од големата заинтересираност на дечињата. Кога ќе присуствуваме на вакви настани ја сфаќаме нашата популарност и значењето на младите. Ќе испратиме порака до дечињата да се занимаат со кој било спорт, не мора да е ракометот и еден ден и тие да доживеат вакви момент како ние во училиштетот Христо Узунов – рекоа репрезентативците.

Македонската селекција ги завшри подготовките во Охрид и од сабота репрезентативците се враќаат на клубските обврски.

Фото : Емил Јовановиќ

Мх.П.