Македонскиот репрезентативец Столе Стоилов прв од неколкуте специјални гости го посети ракометниот камп на Кирил Лазаров, кој втор ден се одржува во Охрид.
Членот на македонскиот првак Вардар беше дел од тренинзите и им презентираше дел од своите знаења на децата учесници на првиот камп на „македонската седумка“.
По завршување на тренингот пивотменот се дружеше и се фотографираше со децата кои беа импресионирани од неговото доаѓање.
Во среда кампот на капитенот на македонска репрезентација во Охрид ќе го посети Дејан Манасков, а во четврток специјални гости ќе бидат Борко Ристовски, Тимур Дибиров и српскиот селектор Дејан Периќ.
Фото : Емилио
Мх.П.