По катастрофалниот пожар на почетокот од годинава кој до темел ги пеплоса конаците на манастирот Трескавец во близина на Прилеп, ова свето место се издигна над маката и со несебична помош на верниците, државата и донатори, е речиси целосно возобновено.
Од неодамна кон ова големо духовно светилиште води нов асфалтиран пат, а по него почнаа да пристигнуваат и туристи од најразлични места во светот, кои од монасите се информираат за историјата на Трескавец.
За среќа од огнената стихија беше спасена вредната црква во ова значајно духовно светилиште, а старешината на манастирот Калист и монасите продолжуваат да ја чуваат вековната традиција на македонскиот народ.
Традицијата продолжува да живее во манастирот Трескавец
OhridNews
фото:Емилио