Екипи на јавното претпријатије Водовод во текот на вчерашниот ден се обидуваа да го санираат дефектот на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во близина на бензинската пумпа „Билјанини извори“. Водата која силно бликаше од земја создаде река која се сливаше по коловозот. Автомобилите внимателно го поминуваат овој дел од патот, кој ионака незгоден поради острата кривина.


Река потече по магистралата за Св. Наум

Ohridnews