Најавениот продолжен полициски час, кој во неколку градови и општини, меѓу кои и Скопје, предвидува целосна рестрикција на движењето од вечерва во 21 часот до понеделник во 05 часот, поттикна многумина да отпатуваат кон внатрешноста.
Автопатот Скопје – Тетово попладнево
На автопатот Скопје – Тетово попладнево има голема раздвиженост, за што говорат и фотографиите направени на наплатната рампа Глумово, тетовско, каде колони возила се движат во четири ленти.
Традиционално Маврово и Охрид се омилени дестинации на домашните гости каде има бројни викенд куќи и станови.
Здравствените власти апелираат до граѓаните на одговорност и почитување на мерките за заштита од Ковид 19, дотолку повеќе што денеска и изминатите неколку денови во земјава се регистрирани рекорден број новодијагностицирани случаи на опасниот коронавирус.
OhridNews