Прославувањето на Стара Нова Година – Валисица во Охрид има голема и долга традиција.
Палењето огнови, кумството, вртењето паричка, топејнца, маалското собирање и богатата трпеза се обичаи кои охриѓани ги практикуваат ден денес.
Со ѓомлезе, лепче или коматче, печени колбаси, греана ракија и црвено вино, низ маалата вечерва охриѓани ја слават православната Нова година.
Речиси да нема улица во градот, каде не се пали оган и не се прославува доаѓањето на Новата година според Јулијанскиот календар.
Василичарските огнови низ Охрид веќе се разгорени. Помеѓу василичарите владее убаво расположение, а се ќе заврши со песна длабоко во новогодишната ноќ.
За многу години!
Г.М.