Во пријатна и одлична атмосфера охридските ракометари го очекуваат натпреварот со Зомимак во 12-та рунда од Супер лигата.


Императивот е голем против неприкосновениот лидер во елитата, но според охриѓани рано е да се крева бело знаме.


– Зомимак е квалитетна екипа и веднаш е зад Вардар и Металург. Ние ќе си ја играме нашата игра и ќе мора да дадеме се што имаме за да стигниме до позитивен резултат – коментираат охридските ракометари.


Натпреварот се игра в сабота со почеток во 18:30 часот во спортската арена „Билјанини Извори“.

Мх.П.