Радовиш го презентираше Бојан Белевски кој е најново засилување за престојната сезона во екипата. Поранешниот ракометар на Охрид со новиот клуб потпиша едногодишен договор со можност за продолжување.
Белевски (29) е второ засилување на тимот на Радовиш покрај пивотменот Игор Павловски кој дојде од екипата на Зомимак.
Радовишани се засилија и на тренерската позиција доведувајќи го искусниот стручњак Владимир Глигоров со што ги потврдија високите амбиции за сезоната што доаѓа.
Левиот бек е втор ракометар кој замина од Охрид. Претходно со „гладијаторите“ се збогуваше Борче Соколов кој ги засили „рисовите“ од Струмица.
Ohridnews