Во опуштена атмосфера во ресторанот „Св. Софија“, Радио Охрид денеска го прослави 52-роденден. Со присуство ги почестија колегите од другите медиуми, претставници на локалната самоуправа, деловни партнери, поранешни вработени… Како што е ред се сечеше и роденденската торта. При тоа главниот и одговорен уредник, Васе Врангалоска на претставникот на градоначалникот на Охрид, Никола Манески, му врачи подарок цедеа со содржини од богатата музичка архива на радиото и потсетување за долгот на општината кон овој медиум.


Радио Охрид го прослави 52-от роденден


Ohridnews