Ракометниот клуб Охрид под водство на новиот тренер Раде Стојановиќ ги започна подготовките за новата сезона во Супер лигата. „Гладијаторите“ на првиот тренинг имаа состанок со тренерот и дел од управата на клубот на кој им беше сопштена програмата за текот на тренинзите и подготовките.
Како дел од подготовките охридските ракометари ќе учествуваат на ракометниот турнир Тузла а другиот дел ќе се одвиваат во Охрид со одигрување на тест средби со екипи од нашата земја.
Михаил Постоловски