Жешкото сонце не го спречи овој работник да го постави знакот за движење во една насока на улицата „Кузман Јосифовски“ кај општината. Во најтоплиот дел од денот, вчера, тој го монтираше знакот. Во исто време во општинската зграда се одвиваше состанок на локалниот совет за превенција на кој присуствуваше министерот за внатрешни работи Митко Чавков, поради што беше зголемено присуството на полиција околу општината.
OhridNews