Охридското Езеро е природно живеалиште на голем број птици. Некои од нив живеат тука постојано, други се преселници, а има и такви кои тука застануваат само на минување. Со доаѓањето на пролетта јата птици го надледуваат Охрид и создаваат прекрасна глетка на небото, како таа што ја улови фоторепортерот на „Ohridnews“.Птиците се значаен дел од еко системот на Охридското Езеро велат. Поради климатските промени и уништувањето на крајбрежјето, некои видови птици веќе ги нема на Охридското Езеро, затоа треба да ја чуваме животната средина предупредуваат екологистите.


Птиците се враќаат од југ

фото: Васко Бујароски