Сончевото и топло време, вчера, измами голем број охриѓани на прошетка. Проработеа и терасите на угостителските објекти, каде со измените во Законот пушењето ќе биде дозволено, па се бара маса повеќе. Езерото беше мирно па можеше да се шета и по кејот, каде насипите изградени за заштита од поплави потсетуваат на опасноста која го демне градот.


Прошетка покрај насипите

OhridNews