Во рамките на чествувањата на Денот на ослободувањето на Охрид, денес беше промовирана книгата „Охридски летопис“ на авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески.

Промотор на книгата беше новинарот и публицист Мишо Китаноски, кој во оваа прилика истакна дека делото на Митрески и Смилески претставува своевидна Охридска енциклопедија, на најзначајните појави, настани и личности од формирањето на Охрид во антиката до независноста на Македонија.

Книгата според Китаноски има концизна содржина, лесно е читлива и прифатлива за пошироката публика и ќе биде драгоцена за идните истражувачи на богатото минато на Охрид.

Делото беше поддржано од Општина Охрид со годишната програма на Секторот за култура.

Промовирана книгата „Охридски летопис“

OhridNews

фото. Б. Стојаноски