Вечерва, во кафе барот Шила се одржа охридската промоција на книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник“ “

  • Книгата е на тројца автори, Александар Стефанов од Штип, Сашо Гачев и Дарко Богданов. Ние сме таканаречени автори компилација, Дарко Богданов е стрип цртач, има завршено Ликовна академија, Александар Стефанов, кој е стрип-сценарист, и јас имам завршено драматургија, така да се обидовме во оваа книга да дадеме свој впечаток и да успееме да направиме едно мало истражување за македонските стрип автори во времето на бивша Југославија, доста популарна новинарска издавачка куќа „Дневник“, каде што дел од стриповите кои се издаваат во тоа време се од македонски стрип автори кои оставаат свој сопствен белег и на еден начин оваа книга е еден вид историјат, наше согледување за македоснкиот стрип и неговата традиција. Македоскиот стрип има своја традиција иако подзаборавена, тука би спомнал дека книгата е посветена на Љубомир Филипоски, еден од нашите најистакнати македонски стрип автори и доста ценет во бившите Ју стрип кругови.- истакна Сашо Гачев, еден од авторите на книгата.
  • Тој е единствениот професионален стрип цртач кој работел и живеел исклучиво од стрип, за време на Југославија бил најпознат од Македонијуа што се пробил дури и на англиски пазар и всушност неговите стрипови се темел на оваа книга.- истакна Драган Богданов.

Соговорниците изразија надеж дека оваа книга ќе ги поттикне младите автори да ги следат нивните стапки.

А.М.