Туристи од Србија, Бугарија, Грција, Турција, Албанија, Црна Гора и од други европски одмараат на Охридската ривиера за време на првомајскиот викенд.

Според информациите кои ги добивме од охридските туристички работници, продолжениот викенд во Охрид го поминуваат и голем број домашни гости кои се сместени во приватни апартмани или викенд станови.

Дел од туристите го искористија денешниот сончев ден за прошетка низ чаршијата и на езерскиот кеј. Полни со гости беа и бавчите на кафетериите и рестораните, а низ градот владееше вистинска празнична атмосфера.

Низ централното подрачје и низ стариот дел од градот можеа да се забележат и голем број групи на туристи кои во придружба на своите водичи правеа обиколки низ Охрид.

Е.М