Продолжениот викенд со неработниот ден за празникот 11 Октомври -Денот на народното востание, го исполни Охрид со домашни и странски туристи.

Убавото време за овој октомвриски период од годината со високи дневни температури и сончеви периоди се дополнителни причини за уживање во природните убавини на Балканскиот Ерусалим.

Зголема раздвиженост може да се забележи покрај кејот на езеро, низ чаршијата, а до последно место се исполнети и угостителските објекти.

Не изостануваат и посетите на бројните културно-историски споменици и верски објекти, како и турите со брод по Охридското Езеро.

Фото галерија:

Продолжениот викенд го исполни Охрид 

Н.С.Ј./Г.М.