Британската аукциска куќа “Сотби” го продаде розовиот дијамант со големина на јајце за рекордни 71,17 милиони долари. Новиот газда беше непознат купувач од Хонг Конг, пренесоа денеска Франс прес и ДПА, јавува „Макфакс“.

За скапоцениот камен наддаваа тројца клиенти пред да се појави најголемата понуда што беше предложена од непознатиот купувач, кој се јави преку телефон.

59,6-каратниот розов дијамант е со големина на јајце. Првично бил откриен во рудник од компанијата “Де Беерс” каде небрусен камен бил проценет на 132,5-каратен дијамант.

Со исклучителни димензии и заситена боја овој скапоцен камен го надмина познатиот розов дијамант „Сината месечина на Џозефин”, истакнаа во акуциската куќа.

“Розовата ѕвезда” е најскапиот дијамант кој некогаш е продаден на аукција. Дијамантот “Сината месечина на Џозефин” беше продаден за 48,5 милиони долари на аукција на “Сотби”, која се одржа во 2015 година во Женева.

OhridNews
извор: „Макфакс“