Охридските ракометни надежи со победа над ракометниот клуб Макалоски 26-19 (12-7) ги продолжија мечевите во една од трите пионерски лиги во Македонија.
Гостите од Прилеп рамноправен противник на охридските ракометари им беа во почетните минути од натпреварот. Квалитетот на домаќините излезе на виделина и веднаш се одлепија и на одмор заминаа со пет позитива (12-7).
Во второто полувреме избраниците на Наум Бабачев рутински ја задржаа предноста и ја забележаа осмата победа во деветтиот натпревар сезонава.
По осум пати во листата на стрелци се запишаа Костов и Иваноски, три пати погоди Андоновски, а по два пати прецизни беа Аџиоски, Ристески и Најдановски.
Во следната рунда охриѓани ќе се сретнат со Еурофарм Работник во Битола.
OhridNews