Паркирањето во Охрид одамна е проблем. Особено е изразен во лето. Вон сезона состојбата е најчувствителна во центарот и околу пазариштето. Граѓаните се обидуваат на секој начин да стигнат до бесплатно паркинг место, а да не бидат санкционирани. Во прилог им оди и оваа превртена информативна табла, но само ако не ги забележи одговорниот на паркингот.
Превртен паркинг