На свеченоста по повод 9ти мај покрај Иванов присуствуваат уште трисеттина шефови на држави и влади кои упатија заедничка изјава по повод 65 годишнината од завршувањето на Втората светска војна, во која се истакнуваме историското значење на победата, која ги ослободи народите од фашистичкиот окупатор.
Државниците искажаа почит кон милионите загинати во крвавата војна и положија цвеќе на гробот на незнајниот јунак.
Претседателот Иванов заедно со светските лидери присуствуваше на импозантната воена парада во Масква за време на која над градот пролетаа стотина авиони и хеликоптери, а низ плоштадот мина и механизиран конвој составен од единици од Втората светска војна, но и современи воени возила и други видови оружје.
фото: Александар Ковачески – „Фото ЗУМ“