Во празничен амбиент и убава атмосфера мина петтиот самостоен концерт на младиот Ансамбл „Билјана“, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“. Концертот беше посветен на 75 годишнината од народното востание.

На концертот Ансамбл „Билјана“ изведуваше изворни песни, како и мелодии кои се помалку познати, а значајни за охриѓани.

На концерот на Ансамбл „Билјана“ и пријателите запеаја и Мартина Костова, Симона Попоска, Петар Нечовски и Ѓоко Танески кои ја распеаја публиката.

Концертот заврши со оро на публиката, што е најдобра потврда за квалитетот на младиот музички состав кој продолжува по стапките на Ансамблот „Билјана“, формиран пред 65 години. Веќе осум години тоа успешно го прават Јован Поп-Стефанија – хармоника, Андреј Лаброски – контра бас, Христијан Томевски – гитара и Ангел Трајковски – виолина.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ