Голем број охриѓани и туристи кои во рамки на продолжениот викенд одмараат во Охрид го искористија денешниот сончев ден за прошетка низ чаршијата и на езерскиот кеј. Полни со гости беа и бавчите на кафетериите и рестораните, а низ градот владееше вистинска претпразнична атмосфера.

Низ централното подрачје и низ стариот дел од градот можеа да се забележат и голем број групи на туристи од Бугарија и Србија кои во придружба на своите водичи правеа обиколки низ Охрид.

OhridNews