Божик денеска со празнична бадникова литија го најавија стотина дечиња во Велгошти.
Литијата тргна од цркавата Св. Димитрија минувајчи низ Велгошти и заврши кај црквата Св. Пантелејмон каде вршителот на должност градоначалник на Општина Охрид Константин Георгиевски ги даруваше учесниците со пакетчиња. Исто така црковниот одбор на с. Велгошти (Трајче Кочески, Кате Граждани, Ангеле Бошкоски, отец Никола) на дечињата им додели икончиња. Манифестацијата заврши со пуштање на огромен Крст од балони кон облаците.
Фото Галерија
(Кристијан и Томе Љушеви)