Во сите православни храмови во земјава на полноќ и утрово се одржаа воскресенски литургии по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

На Велигден со посебна духовност зрачи Бигорскиот манастир, каде синоќа голем број верници присуствуваа на Велигденската богослужба.

Празнувањето на Велигден во Бигорскиот манастир е посебно. Фото: „DigitalBox“

Воскресението Христово беше објавено на полноќ со биење на камбаните во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.

Годинава, за првпат директно од Ерусалим беше донесен и светиот Благодатниот оган од Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим.

Г.М.
Фото: „Digital Box“