Националниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание, во Охрид беше одбележан со концерт на Владимир Четкар секстет, што се одржа попладнево на плоштадот „Св. Климент Охридски“.
Концертот што го организираше Општина Охрид, се одржа според протоколите за заштита од Ковид 19, но тоа не и пречеше на публиката во облеаниот од сонце Охрид да ужива во одличниот настап на светски познатиот џез, соул и фанк изведувач Владимир Четкар и неговиот извонреден бенд.
Фото галерија:
Празникот во Охрид со светски шмек
Г.М.