Охрид денес патуваше со волшебниот свет на сказните и пријателството, преку ликовите на популарната анимирана серија за деца “Светот на Биби”, со што започна новогодишната програма во организација на Општина Охрид.
Најмладите заедно со своите родители уживаа во препознатливите детски песнички и веселите разговори на Боби и Биби.
Преубавата празнична атмосфера на Градскиот плоштад, продолжува и вечерва со Новогодишен концерт на младите музички таленти од ООМУ “Методи Патче”.
Утре со почеток во 12:30 часот, како дел од предновогодишната програма, на Градскиот плоштад, најмладите ќе може да ја проследат детската театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз”.
OhridNews