Екипите на Кадмо, АСП Пак, Мистер И и Ајдиноски Инженеринг се четирите екипи кои ќе се борат за трофејот на 13-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2017“.

Кадмо за пласман во ТОП 4 го совлада тимот на Златни Зраци 2-0, АСП Пак со гол во последните мигови од мечот го елиминираше составот на Вики Транс (2-1), Ајдиноски Инженеринг со 3-1 беше подобар од Еко Шпар, додека Мистер И со пресврт славеше над Жито Леб 3-2.

Во полуфиналето кое е закажано за в сабота силите ќе ги одмерат минатогодишните финалисти Кадмо и АСП Пак односно Мистер И – Ајдиноски Инженеринг.

Резултати:

Кадмо – Златни Зраци 2-0

Ајдиноски Инженеринг – Еко Шпар 3-1

Мистер И – Жито Леб 3-2

Асп Пак – Вики Транс 2-1

Двојки 1/2 финале (сабота 5 август):

Кадмо – Асп Пак

Мистер И – Ајдиноски Инженеринг

OhridNews