Aнтонио Ангелоски, Дон Марино Тасески, Гоце Димоски, Марио Димовски, Марио Пердулоски и Мартин Дојчиноски се учесници во финалето на првото издание на Картинг трката Римо која викендов се одржува во Охрид.

Полуфиналните квалификации и трки изобилуваа со возбудуња, претекнување и адреналин каков што може да понуди само мото спортот и на најдобар можен начин го најавија големото финале.

Квалификациите за финалето ќе започнат во 18 часот, а финалето во 19 часот. Во финалната трка ќе се возат 10 кругови.

OhridNews