Втор ден во Кармен Бауцентар – Охрид има презентација од светски познати производители со големи попусти, промоции и изненадувања.
„BEKAMENT“ ги презентира врвните фасадни системи, „KNAUF“ ги претстави иновативните системи за сува градба за модерни и ефикасни решенија, како и квалитетните системи за изолација за удобен и енергетски ефикасен дом. „MARAZZI“ ги претстави италијанските плочки со елегантен дизајн и висок квалитет, „Swiss Krono“ ламинатните подови кои го обогатуваат просторот со стил, а „Mapei“ градежните материјали од Италија за трајни и сигурни решенија.
Брендот „SOUDAL“ ги презентира интелигентни системи за заптивање за перфектен завршен изглед, „VELUX“ се претстави со производи за осветлување и вентилација за удобен и здрав дом, „CLEVER“ изложи санитарија со висок квалитет и стилски дизајн, „DeWALT“ професионален алат за издржливост и перформанси, а „BOSCH“ се претстави со професионален алат и градинарска опрема за секој професионален предизвик.
Купувачите на презентацијата во Кармен Бауцентар – Охрид, може да добијат попуст на одредени производи од 20% до 50%, но и да уживаат во настанот со бесплатни пијалаци и скара.
Поради зголемен интерес и на барање на купувачите, Кармен Бауцентар – Охрид овозможува уште еден акциски ден. И во сабота, 18 мај, тие ќе можат да уживаат во попустите и промоциите на најдобрите брендови.
Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски