Позитивни вибрации за сите генерации на првата вечер од Фестивалот на виното кој вчеравечер почна во Охрид.
Големиот број посетители на поставените штандови имаа можност да вкусат од широката понуда на вина од бројните винарии чиј број од година во година се повеќе се зголемува.
Во одлична атмосфера и расположение мина и музичкиот дел за кој се погрижија Backdoor band, Миле Кузманоски, „Куку леле“ и DJ Face.
Забавата беше збогатена и со настапот на стендап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кои ја насмеаја публиката до солзи.
Ова е трето издание на Фестивалот чија цел е збогатување на туристичката понуда во градот, продолжување на туристичката сезона и привлекување на што поголем број домашни и странски гости.
Денес од 19 часот на Кеј Македонија пред хотел „Палас“ продолжува втората вечер каде во забавниот дел најавени се Урбан планет, Некст тајм, Брас брадрс и незаменливите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, а секако продолжува и уживањето со некоја чашка добро вино.
Фестивалот полека но сигурно зазема место и ја разубавува туристичката разгледница на Охрид.
Позитивни вибрации за сите генерации на првата вечер од Фестивалот на виното
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска