Пожар денеска избувна на две локации во подножјето на планината Петрино во близина на далноводи. Во моментов две екипи на професионалната противпожарна единица Охрид, како и една екипа на НП „Галичица“ се на местото на настанот и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Како што информираат надлежните служби, двата пожари се над 110-киловолтната трафостаница. Истовремено делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а во делови од населбата Рача на источното крајбрежје се уште нема струја.

Густиот чад кој се издига од планината се забележува од далечина.

Засега не се знаат причините што го предизвикаа пожарот, односно дали се работи за испад во електричниот систем или човечки фактор.

OhridNews