Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид со коктел за сите членови и соработници во ресторанот „Валентино“ ја заокружи најуспешната година во 25-годишната историја. Клубот кој на боречката спортска сцена постои 25 години, во годината што изминува учествуваше на десеттина турнири со меѓународен карактер, а освои вкупно 119 медали и неколку индивидуални признанија.

– Од година во година ги зголемуваме успесите и можам да кажам дека оваа 2017 ние е најуспешна во историјата на клубот. Ништо од сите овие успеси немаше да ги направиме ако рамо до рамо со нас го немаме нашиот генерелен спонзор ПН Метал. – изјави Марјанчо Лазарески, тренер на охридскиот клуб. 

Специјални награди за резултатскиот придонес за клубот добија Јане Димов, Божидар Георгиевски и Давид Крстески, а со благодарница се закити и Ohrid News кој 11 години несебично ги подржува охридските спортисти и клубови.

Фото-галерија:


Заеднички коктел за збогум на 2017 година.

OhridNews