Утрово охриѓани ги изненади дождот. Времето беше свежо па мораа да се извадат јакните и шушкавците од плакарите. Дождот го раздвижи градот. Некои се откажаа од пешачење, а повеќе работа имаа и такси службите. По неколку часа небото над Охрид се отвори. Повторно пече сонце, да не знае човек како да се облече, што би рекол народот.


дождливо утро во Охрид


водата добро ќе дојде за зеленилото


со чадори и јакни на работа и школо


малкумина утрово тргнаа пешки


таксистите имаа полни раце работа


после дождот сонце


сино небо над Охрид

Ohridnes