Значителното поскапување на горивата, предизвика колони и сообраќаен метеж пред бензинските пумпи во земјата. Исклучок не беше ниту Охрид, каде вечерва граѓаните брза да наточат гориво во возилата пред полноќ, кога на сила стапија новите, повисоки цени на горивата.

Слична е состојбата и во другите градови во земјата, како и во главниот град каде исто така вечерва можеа да се забележат колони возила пред бензинските пумпи.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините од полноќ се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари. Од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот е 85,50 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг.

Поради несигурноста на светските берзи, РКЕ соопшти дека од денеска цената на горивата ќе се одредува на дневна основа.

Г.М.
Фото: OhridNews/МИА