Во рамки на одбележувањето на годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети, делегација на Општина Охрид, претставници на политичките партии, претставници од институции, почитувачи на неговиот лик и дело денеска положија цвеќе пред спомен-бистата во Градскиот парк.

Општинска делегација присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село Цер.

Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година. На 24 април 1905 година откако биле опколени од многуброен аскер засилен со артилерија, Христо Узунов заедно со 11 негови соборци извршиле саможртва, за да не паднат живи во рацете на Турците.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска