Веќе неколку дена Охрид е под снежна прекривка. Снежниот амбиент го разубавува и полната месечина која силно сјае над градот оваа студена февруарска ноќ.

Охридската зимска идила ја долови Анамарија Момироска која направи прекрасни ноќни фотографии од снежниот Охрид.

Под снег преубаво изгледа и стариот дел на градот над езерото во кое се отсликуваат стотици светла.

Охридска зимска идила

OhridNews
Фото: А. Момироска