Подигнување на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи беше целта на показната вежба која денес беше реализирана во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид.
Показната вежба за евакуација и спасување беше според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во која сооодветно делуваа и тимовите на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Здравствен дом Охрид, Црвен крст Охрид, како и службите на ЦУК и ДЗС.
Вежбата помина во најдобар ред, оцената е со највисока оценка, а тимовите кои учествуваа беа на ниво на задачата. На вежбата присуствуваа претставници на УНДП од канцеларијата во Македонија, началникот на СВР Охрид, претставници на ЦУК, ДЗС…, вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
Посочува дека во текот на месец октомври и ноември 2024 г. во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е да се врши увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца, во рамки на кои беше и денешната вежба во економското училиште.
ТППЕ Охрид – Пожарна уште еднаш го демонстрира високото ниво на професионализам во справувањето со вакви ситуации. Благодарност до сите засегнати институции кои беа на висина на задачата, а воедно и до раководниот кадар на училиштето кои ги има превземено сите неопходни мерки за непречено функционирање на планот за заштита и спасување, велат од ТППЕ Охрид.
Показна вежба за заштита и спасување од елемнтарни непогоди во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“
Н.С.Ј.