На ракометниот натпревар помеѓу Охрид и Куманово во Супер лигата на трибините присуствуваа учениците од Основното училиште „Дебрца“ од Белчишта. Учениците кои за прв пат имаа можност да гледаат ракометен натпревар во живо несебично ги бодреа момците во сино кои им возвратија со победа 28-26.
Патувањето и присуството на ракометниот натпревар им го обезбеди Општината Дебрца заедно со професорот по физичко образование Љупчо Ѓуровски.
Мх.П.