Несекојдневниот потфат на меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, кој денеска ја започна првата етапа од проектот за пренуркување на крајбрежјето на Охридското Езеро во должина од 80 километри, предизвика голем интерес не само во земјава, туку и пошироко. На стартот кај градското имаше педесеттина нуркачи од Македонија и Албанија и припадниците на специјалните единици на АРМ и МВР, а специјално за овој настан во Охрид допатуваа и негови колеги и пријатели од Дубровник, Хрватска, кои истакнаа транспарент во знак на поддршка на Милутин Секулоски.

Погледнете каква беше атмосферата на стартот од подводниот маратон на Милутин Секулоски што ќе трае 3-4 месеци:

 


СРЕЌНО!

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ

Милутин Секулоски го започна 80 километри долгото патување под вода околу Охридското Езеро