Во вилата на претседателот Стево Пендаровски попладнево почна состанокот на Советот за безбедност на кој се разгледува актуелната ситуација во земјата предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Покрај членовите на советот, на состанокот присуствуваат и министерот за здравство и првиот човек на Генералштабот на армијата.

Почна состанокот на националниот Совет за безбедност

Пред влегување на сотанокот политичарите минаа здравствена контрола, при што им беше мерена телесната температура.

На состанокот се разговара за состојбата со корона вирусот, како и за мерките коишто се на располагање во случај на ескалација на состојбата. Во тој контекст очекувањата се претседателот да прогласи вонредна состојба, со цел поефикасна борба против пандемијата која во светот одзеде илјадници животи.

Г.М.