Менаџерот Васко Димов и креаторот на патеката Наум Новески-Џими со почесен круг означија почеток на првото издание на Картинг трката Римо која викендов се одржува во Охрид.

Двајцата низ разговор со Ohrid News евоцираа спомени од почетокот на Картингот Римо кој со работа започна далечната 2002 година.

  • Идејата за отворање на Картинг ја добив од Германија. Таму популарноста на авто мото спортот е голема и решив дел да пренесам во Охрид. Картинзите и сите други реквизити се донесени од Германија. За нашиот квалитет говори нашата работна традиција. Последниве години авто мото спортот зема замав и кај нас, а организирањето Картинг трката најдобро го покажуваа тоа. – изјави Васко.

Популарниот Џими кој своевремено има снимано посебна емисија за Картингот Римо смета дека ова е голем чекор напред кон популаризација на авто мото спортот во Охрид.

  • Долго време копнеев по ваква манифестација на која сите ќе го почуствуваат адреналинот и конечно ќе ме разберат за мојата пасија. Ме радува што речиси сите пријавени на Картинг трката се млади луѓе и љубовта кон авто мото спортот ќе продолжи да се шири во нашиот град. Од година во година очекувам овој настан да расте и не гледам причина за скоро време да не бидиме домаќини на најдобрите тркачи во Македонија. – истакна Џими.

Утрово се квалификациите, а попладне ќе се возат првите елиминациски трки. Финалните возбудувања ќе се одвиваат в недела со полуфиналните и финални трки.

Мх.П.