Нема повеќе градежен шут и друг цврст отпад во близина на управната зграда на НП Галичица. Kако што објави OhridNews, деновиве во заштитената зона на паркот беше создадена дива депонија, во која, меѓу  купиштата отпад имаше и документи.

По реакцијата на одговорните во националниот парк и комуналната инспекција, за што пишувавме, викендов сторителите го подигнале целиот отпад и ја исчистиле дивата депонија.

Како што дознаваме, тие упатиле и извинување до надлежните институции за непромислениот потег, а грешката ја поправија со чистење на дивата депонија, од каде отпадот соодветно бил одложен на прописна локација.

OhridNews